×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионален натпревар по математика во “Браќа Миладиновци„

    30.03.2013 13:46 | KumanovoNews

      Основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска е домаќин на 31- от регионален натпревар по математика, на кој учествуваат ученици од основните училишта од четврто до осмо одделение од Куманово, Кратово и Старо Нагоричане.

    Регионален натпревар по математика во “Браќа Миладиновци„

    На натпреварот учествуваа вкупно 186 ученика. Има 15 училишта кои учествуваат со своја екипа, а бројноста на екипата зависи од развиеноста на училиштето. Ние имаме огромен потенцијал на ученици. Правиме и дополнителни часови, имаме поволни резултати. Поготово од нашиот регион секогаш сме застапени на републички натпревари. Се наоѓаме во училиште чии ученици се сопственици на медали од олимпијади - рече Даниела Стојановска, професор по математика во ОУ“Христијан Карпош“.

    Најдобрите ќе бидат наградени, а ќе го претставуваат училиштето на републички натпревар и на Олимпијадата на математичари.

    Регионалниот натпревар по математика секоја година се одржува во последна недела од март. Натпреварот е подржан од Сојуз на математичари на Македонија. На натпреварот има ученици од македонска и од албанска националност. Нашето училиште секоја година учествува на овој натпревар со голем број на ученици и редовно постигнуваме високи резултати. Еден од тие пласмани е минатогодишниот сребрен медал на Олимпијада на математичари, како и прво место на државен натпревар по математика - изјави Дафина Јосимовска, професор по математика во ОУ „Браќа Миладиновци„.

    Резултатите од натпреварувањето ќе бидат познати попладнево.