×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионален натпревар за нано материјали во “Гоце Делчев“

    19.02.2014 11:20 | KumanovoNews

    Во Гимназија “Гоце Делчев“ денеска се оддржува регионален натпревар за нано материјали на кој учествуваат 14 екипи од повеќе градови.

    Регионален натпревар за нано материјали во “Гоце Делчев“

    На натпреварот има екипи од училиштето домаќин, од “Наце Буѓони“, од Крива Паланка, Кратово и Пробиштип.

    Денеска почнуваат регионалните натпревари во Куманово, а од утре се во другите 7 центри. Најбројни се нашите тимови од гимназијата, тие се 8 и очекуваме дека ќе бидеме успешни. Учениците презентираат проекти од областа на нано технологијата, нано композитни материјални, нано паметни материјали, рециклирачки материјали и друго. Најдобрите од регионалните натпревари одат на државен натпревар кој ќе се оддржи во април - вели Штефица Ујчиќ, професор по физика.

    Оној кој ќе го освои првото место на регионално ниво ќе добие 9000 денари, за второ место паричната награда е 6000 денари, а за трето место е 3000 денари. За државниот натпревар ќе има повисоки парични награди.

    На ниво на Македонија за учество на натпреварите за нано материјали се пријавени 250 екипи.