×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионален состанок за заштита од шумски пожари

    05.06.2013 12:05 | KumanovoNews

     Центарот за управување со кризи заедно со Центарот за развој на североисточен плански регион денеска одржа координативен состанок со градоначалниците од регионхот за заштита од шумските пожари.

    Регионален состанок за заштита од шумски пожари

    Состанокот е свикан за заштита од шумски пожари, но има уште 20- 30 опасности кои може да се јават. Системот за управување со кризи го сочинуваат органите на власта, државните органи, трговски друштва од посебен интерес, единиците на локална самоуправа, а ЦУК е само еден сегмент. Сите граѓани мора да имаат морална одговорност кон заедницата во која живееме - изјави Ѓоко Стефановски од Регионален центар за управување со кризи Куманово.

    ЦУК за секоја сезона посебно изработува план за превентивно делување и ги организира кризните штабови.

     Оваа активност почна на национално и продолжи на регионално ниво. Како еден од заклучоците од овој состанок ќе биде сите градоначалници во најкраток можен рок да ги свикаат сите субјекти кои го сочинуваат нивниот кризен штаб и да преземат превентивни мерки, а не само да се повикаат кога ќе настане некој ризик - рече Ферик Белули, од ЦУК од Скопје.

    Градоначалниците велат дека доколку има потреба се солидаризираат и меѓусебно си помагаат во справувањето со кризи.

    Соработката е на високо ниво. При секој пожар што ќе се јави се повикува помош од соседните општини. Досега доаѓале не само од нашиот регион, туку и од другите региони. Еве на пример од Општина Пробиштип доаѓаат, несебично помагаат за да поминеме со помалку последици - вели Мите Андоновски, градоначалник на Општина Кратово.

    Во Македонија во 35 општини има исто толку Центри за управување со кризи, кои при елементарни непогоди на загрозените граѓани треба да им пружат помош во рок од 24 часа.

    По потреба може да бидат ангажирани полицијата и армијата за помош на населението.