Регионална дирекција на УЈП со ново работно време
15.09.2014 08:34
| KumanovoNews
Од 1 октомври, Регионална дирекција на УЈП Штип ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

Продолженото работно време за даночното одделение на УЈП Куманово ќе стартува од 1 јануари 2015 година. Досега работното време на граѓаните и фирмите се поклопуваше со работното време на УЈП и промената се прави со цел услугите на оваа институција да бидат подостапни за странките.