Регистрирани три нови случаи на коронавирус, вкупно 11 заразени во Куманово
25.03.2020 11:55
| KumanovoNews
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).
Со ова во Куманово вкупната бројка изнесува 11 заразени и еден починат.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во државата денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје – 108- Дебар (41) – 1 починат- Куманово (11) – 1 починат- Штип (7)- Велес (3)- Кавадарци (2)- Охрид (2)- Прилеп (2)- Гостивар (1).