Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со средства обезбедени од Српскиот културно информативен центар „Спона“ и Хуманитарната организација „Срби за Србите“, реновирано е подрачното училиште „11 Октомври“ во село Речица.
„Среќни и задоволни продолжуваме со настава во реновираната зграда на подрачното училиште. Направено е комплетно реновирање на подови, ѕидови, плафони и замена на внатрешни врати. Веќе се изработува проект за поставување на целосно нова фасада и се надеваме дека наскоро ќе најдеме средства, но планираме и набавка на наставен материјал- смарт табли и компјутери, она што секојдневно е потребно за работа на наставниците во 21 век“, истакна директорката Драгица Спасиќ.
На зградата на училиштето претходно бил поставен нов кров, а биле заменети и прозорците со ПВЦ столарија. Внатрешноста на училиштетот била оштетена, мувлосана, па затоа и била потребна итна интервенција.
На донаторите им беа врачени благодарници и скромни подароци од училиштето.
Во подрачното училиште во Речица настава посетуваат 18 ученици, од прво до петто одделение, а предметната настава се одвива во централното училиште во Куманово. Од почетокот на второто полугодие до денеска учениците имале организиран превоз до Куманово.