×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реновирани училници и опремена мини спортска сала за децата со попреченост во „Браќа Миладиновци“

    28.05.2024 09:37 | Оливера Пешевска

    Во училиштето „Браќа Миладиновци“ на улицата Тане Георгиевски во Куманово, каде работи Центарот за поддршка на учење на ученици со пречки во развој, реновирани се две училници и опремена е мини спортска сала, со средства обезбедени од родителите на учениците во Интернационалната гимназија Нова од Скопје во соработка со здружението „Ајде да шириме љубов“.

    Реновирани училници и опремена мини спортска сала за децата со попреченост во „Браќа Миладиновци“

    Донирани се 4.000 евра со кои целосно се санирани последиците од влагата и мувлата во училниците и ходникот на приземјето на зградата, кои биле предизвикани од оштетениот покрив, а една училница е пренаменета во мини спортска сала за физичка активност на децата со попреченост кои го посетуваат дневниот центар.

    „Нашето училиште во соработка со здружението „Ајде да шириме љубов“ имавме идеја да ја оплемениме просторијата со спортски реквизити , наменети за дечиња со пречки во развојот. Набавени се специјални, едукативни спортски реквизити за 36 посетители на центарот од 17 општински основни училишта од Куманово“, истакна директорката Јасмина Спасовска.

    Претставници од Скопје на неколку пати го посетувале тој дел од училиштето, направиле скрининг и анализи, но клучно било што тука е формиран Центарот за поддршка на учење на ученици со пречки во развојот. Целата набавка е направена по каталошка нарачка направена од дефектолозите на „Браќа Миладиновци“, а и изведувачот на работите е ангажиран од донаторот.

    Мост кој ги поврзал двете училишта била Хуманираната организација „Ајде да шириме љубов“, која за година и пол од постоењето има реализирано безброј акции, и веќе е позната и препознатлива во јавноста. Како преставник на фондацијата на настанот присуствуваше музичарот Драган Величковски- Тајзи.

    „Ваквите активности се спојување на луѓе на кои не им е проблем да го дадат она што го имаат, затоа што знаат дека мора да дадеш во животот за да ти се врати. Годинава се решивме за „Браќа Миладиновци“ поточно за делот кај учат децата со посебни потреби. Го реновираа просторот каде имаше доста лоши услови и ги обезбедија и донираа сите овие реквизити, односно донирана е доста голема сума на средства. Ова е втора година по ред каде посредуваме во донации од  Интернационалната гимназија Нова од Скопје- минатата година реновиравме интернат и училишна зграда во селото Драгоманце, се работеше за огромен простор. И уште еднаш од мое име, од име на мојот град и нашето здружение ви благодарам од се срце“, потенцираше Тајзи.

    Во рамките на настанот се одржа мала културно уметничка програма, а беа доделени и симболични подароци на донаторите и здружението.