×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реплика на антички разбој со оригинални тегови од локалитетот Градиште, кривопаланечко (видео)

    02.01.2024 12:32 | Жаклина Цветковска

    Камените тегови кои биле дел од антички разбој, пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште, кривопаланечко, не се сместени во витрина за да сведочат немо за човековата историја, туку им е даден нов живот да ја продолжат традицијата во современото доба.

    Милан Митовски, магистер-археолог, кој веќе 10 години врши археолошки истражувања на локалитетот во Градец, добива идеја за нова презентација на пронајдоците, во овој случај на бројните тегови со кои луѓето од доцноантичкиот период ги ткаеле своите килими.

    „Идејата беше да се направи некој простор, некој амбиент од некоја античка куќа каде веројатно некоја жена или маж ткаеле“, што е многу поинтересно за публиката“, посочува Митовски.

    Вработените од Градскиот музеј ја реализирале неговата идеја и направиле реплика на разбојот од дрво и јажиња на кој се прикачени камените тегови.

    „Најпрвин мислевме дека оваа реплика ќе биде само екпонат кој на практичен и визуелен нначин ќе ги прикажува вредните пронајдоци. Но, дел од вработените се обидоа и успеаја да докажат дека разбојот може и да функционира и на него да се ткае“, вели директорот на Градскиот музеј Драган Величковски.

    Античкиот разбој со автентични тегови е дел од изложбата „10 години археолошки истражувања на локалитетот Градиште, село Градец“, поддржана од Министерството за култура и Општина Крива Паланка.

    Инаку, ткаењето на разбој е дел од далечното човеково минато, кое било познато 3000 годнини п.н.е. Разбојот е една од најважните справи во историјата на човекот. Првите разбои биле целосно изработени од дрво и сите операции се вршеле рачно.

    Реплика на антички разбој со оригинални тегови од локалитетот Градиште, кривопаланечко (видео)