Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на село Режановце четврти ден протестираат и не дозволуваат да се гради пругата кон Бугарија.
Тие бараат средба со претставници на Македонски железници, Министерството за транспорт и врски и фирмата “Вибе“, затоа што од движењето на тешки камиони им е оштетен патот, мовче во селото и фасадите на куќите.
“Ние ја блокиравме пругата и денеска не дозволуваме да поминуваат камиони. Веќе не знаеме што да правиме. Сите се глуви за нашите барања. На 11 септември ни е слава Свети Јован Опсечен и бараме да ни се направи мовчето во селото. Документирано е се, слики направивме од мовчето и патот и пративме до надлежните, но тие не сакаат да преговараат со нас“-рече Зоран Крстевски, претседател на месна заедница Режановце.
Летово мештаните протестираа за да им се вгради цевка за канализација во пругата, по што сами ја набавија и им беше вградена, но сега се соочуваат со оштетувања на патот кој сами го граделе.