×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Резервните официри повикаа на национално единство

    10.11.2014 12:57 | KumanovoNews

    Организацијата на резервни официри на Македонија денеска во Куманово одржа Свечена академија на која повика на национално единство.

    Резервните официри повикаа на национално единство

    На Свечената академија организирана по повод 70 години од ослободувањето и од Првото заседaние на АСНОМ, беa доделени благодарници на борците од НОБ, бранители од 2001 година и на институции кои соработуваат со Организацијата на резервни официри на Македонија.

    “Ова го правиме во предвечерието на овој празник, да му дадеме значење и пред се да кажеме пред светот дека Македонија е единствена држава од сите антифашистички земји која во текот на Втората светска војна со сопствени сили се ослободи. Никој не ја ослободи Македонија и затоа таа треба да биде горда. Второ, кога се прогласуваше федерална Македонија во 1944 година, тоа се случи на територијата на Куманово и кумановско. Всушност, беше и меѓународно призната бидејќи на состанокот имаше претставници директно испратени од англискиот премиер Черчил и од американскиот претседател  Рузвелт“ - вели Ѓорѓи Малковски, претседател на Организација на резервни официри на Македонија.

    Тој порача дека само народите кои се единствени и обединети имаат иднина и потенцираше дека досега на повеќе од 300 бранители од 2001 година им доделиле благодарници за нивниот придонес за државата.