Риболовците од „Мак-Дам“ ќе даруваат крв
25.01.2016 10:11
| KumanovoNews
Членови на риболовното друштво „Мак-Дам“ утре ќе даруваат крв.

Крводарителската акција ќе се одржи во Спортската сала од 10 до 14 часот и се очекува да бидат собрани 40 единици крв, информираат од Црвен Крст Куманово. Оваа крводарителска акција се одржува втора година по ред. Во четврток крв ќе даруваат членовите на „Коледари“.