×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Римска бања откриена на локалитетот Црквиште

    29.10.2014 14:33 | KumanovoNews

    Римска бања е откриена на археолошкиот локалитет Црквиште, кај село Клечовце.

    Римска бања откриена на локалитетот Црквиште

    Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, при денешната посета на локалитетот најави дека и следната година Министерството ќе одвои пари за истражување на локалитетот.

    “Имаме можност да видиме еден навистина многу важен наод, тоа е римска бања која што се наоѓала под самата црква. Овој период се истражуваше во центарот на самата црква и се откриени две фази на градење од 5 и 11 век. Со откривањето на римската бања ова откритие потврдува дека овде имало постоење на една римска населба, на едни цивилизациски придобивки кои се многу важни за самиот локалитет пред се и важно е за проучување и научно истражување. Се договоривме со стручните екипи и следната година да има истражување со цел до крајот на годината да го откриеме целиот тој простор“ - рече министерката.

    Археологот Дејан Георгиевски од Музеј Куманово вели дека сеуште е непознато дали се работи за градска бања или палата на некој познат Римјанин каде била сместена бањата. Оваа бања е уникатна и една од ретките од ваков тип во земјава.

    „Бањата претставува една од неколкуте бањи кои се откриени во Македонија, како што сега ги има во Скупи, Стоби, Хераклеа, Баргала, Струмица и сега на ова место кое практично почнавме од нула да го работиме и дојдовме до извонредни резултати. Откривање на ранохристијанска базилика и веднаш под неа бања“ - објаснува Георгиевски.

    Близината на околните два ресторани и патот кон Бугарија го прават локалитетот атрактивен за туризам.

    “Се гордееме навистина со овој локалитет и ќе се трудиме во договор со министерката наредната година да отвориме што е можно повеќе. Значи се работи на црквата, да ја откриеме термата и да утврдиме дали навистина се работи за одделна зграда терма или пак претставува дел од палата, што потврдува дека овдека имало цел римски град“ - вели Анита Цветановски, директорка на Музеј Куманово.

    По завршување на истражувачкиот дел, локалитеот ќе биде конзервиран и реставриран и ќе се искористи како туристички потенцијал.