×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Рома труба фест„ по девети пат во Куманово

    11.09.2014 13:26 | KumanovoNews

    Шест дувачки оркестри од Македонија и Србија, синоќа учествуваа на деветиот, традиционален, фестивал на дувачки инструменти „Рома-труба фест„ во Куманово.

    „Рома труба фест„ по девети пат во Куманово

    И годинава на едно место се собраа најдобрите трубачи во регионот, кои пред кумановци го покажаа своето мајсторство на дувачките инструменти.

    „Се потрудивме оваа година манифестацијата да биде поразлична и затоа поканивме само професионални оркестри и врвни музичари. Секој оркестар имаше настап од половина час во кој го покажа најдоброто што го умее и знае. Одлучивме фестивалот да има ревијален, а не натпреварувачки карактер за да можеме сите заедно да уживаме и да се дружиме неоптоварени од наградите„ - изјави Самет Салиевски, претседател на КУД „Рушит Шакир„, организатор на „Рома-труба фест„.

    Манифестацијата ја отвори, и ѕвезда на вечерта беше пејачката Татијата Стефановска, која ја отпеа ромската химна „Џелем Џелем„, а како специјален гост настапи Ферус Мустафов со својот оркестар. Потоа се редеа настапите на оркестрите „Уска Кан Кантуров„ од Берово, годинешен победник на Гуча, Србија, „Милан Доња Николиќ„ од Врање, „Млади Агушеви„ од Струмица, „Бојан Ристиќ„ од Владички Хан, Србија и „ Агушеви Џамбо„ од Струмица.

     „Рома труба фест„ се одржува со финасиска подршка на Општина Куманово и Министерството за култура. Организаторите најавуваат за догодина, за десет годишниот јубилеј, манифестацијата да трае три дена.