Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претпријатието „Руле Турс“ од Скопје го добило правото на располагање со имотот на кумановската автобуска станица на „Југ турист“ во стечај.
По завршувањето на стечајната постапка од “Руле Турс“ понудиле план за реорганизација кој бил прифатен од доверителите. Со него „Руле Турс“ се обврза дека ќе ги намири доверителите во висина до 15 отсто од побарувањата, како и целосно сите придонеси кон вработените. За ова фирмата ќе плати вкупно 2,2 милиони евра, пренесува “Утрински весник“.
Од “Руле Турс“ ветиле дека ќе ги задржат на работа сите 52 лица. Стечајната постапка заврши во Основниот суд во Велес, кој поради презафатеност на кумановскиот суд со одлука на Врховен, добил дел од стечаите што се воделе таму.