Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 9 декември - Денот на превенција во полиција, денеска во просториите на Црвен Крст се одржува традиционален шаховски турнир на кој се натпреваруваат екипи од повеќе институции.
На турнирот учествуваат шахисти од МВР, АРМ, Црвен Крст, здруженија на армиски и полициски ветерани и пензионери.
“Поканети се институции со кои полицијата соработува во текот на годината, со цел да го одбележиме Денот за превенција во полиција и да и дадеме значење на соработката. Екипите се составени од три члена и за најдобрите три екипи ќе има дипломи и благодарници. По повод 9 декември - Денот на превенција во полиција, утре ќе не посетат петтооделенци од Куманово за да се запознаат со работата на полицијата и да имаат доверба“ - вели Виолета Богдановска, од отсек за превенција во СВР Куманово.
Отсекот за превенција при СВР Куманово постои 7 години, а шаховскиот турнир се одржува трета година по ред.
“Важно е да се учествува, но ако се избориме за добар пласман уште подобро. Ние сме аматери и откако знаеме за себе се занимаваме со шах. Организирано во Клуб на армиски и полициски ветерани играме шах, имаме екипа со која настапуваме по различни поводи. По повод Ден на превенција во полиција сме поканети за да го одбележиме празникот“ - изјави Александар Мандиќ од Здружение на армиски и полициски ветерани.
На 9 декември во СВР Куманово ќе биде организиран коктел по повод Денот на превенција во полиција.