Шаховски турнир за празникот на градот
11.11.2015 09:41
| KumanovoNews
Во просториите на Здружението на пензионери Куманово утре во 16 часот, ќе се одржи меморијален шаховски турнир “Среќко Георгиевски-Цмок“, во чест на поранешниот претседател и шахист и во чест на 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.
Турнирот се одржува десетина години наназад. Право на учество имаат сите членови на Здружението на пензионери Куманово. Учесниците на самиот ден ќе се пријават за учество и се очекува добар одзив. Турнирот ќе биде со ревијален карактер.