Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новиот директор на ЈП „Пазариште„, Илир Саити од ДУИ, кој еден месец е на функцијата, најавува дека во наредните 4 години ќе ги осовремени и уреди пазарите во градот, а ќе го реши и проблемот со дивите продавачи.
Чест и привилегија е да се биде прв човек на едно јавно претпријатие, но истовремено и голема обврска во оваа тешка економска состојба.Иако кумановскиот пазар е еден од најуредените и најсовремени во државата, ние ќе продолжиме да го осовременуваме за потребите на граѓаните. Јас од 2005 до 2009 година бев заменик директор и ги знам сите проблеми со кои се соочува претпријатето. Затоа една од првите мои задачи ќе биде решавање на горливото прашање, а тоа е проблемот со нелојалната конкуренција и дивите препродавачи околу пазарите. Поради нив, ние и продавачите на закупени тезги трпиме голема финсиска загуба. Тоа мора да го решиме со помош на Советот, градоначалникот и надлежните инспекциски служби од кои очекувам голема подршка -изјави Саити.
Директорот вели дека во неговата програма се предвидени и повеќе инвестиции во претпријатието, а веќе е интервенирано на уредување на сточниот пазар.