Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца жители на кумановското село Табановце го извршиле убиството на мигрантот пред неколку дена на автопатот во селото Табановце.
Ј.В.(28). Д.П.(24) и С.Л.(28), ќе одговараат за убиство со умисла, затоа што пукале во мигрантите, при што едно лице беше убиено, а тројца тешко повредени. Кумановската полиција уапси двајца до осомничените, додека тој што пукал е во бекство.
Ден пред убиството, тројцата пријатели се договориле да ограбат мигранти што минувале низ нивното село кон Р.Србија. Околу 01.30 часот по полноќ излегле покрај автопатот и забележале група мигранти, по што Ј.В. тргнал кон нив и им наредил да застанат. Потоа во воздух испукал еден патрон од ловечка пушка, сопственост на неговиот татко, по што мигрантите се разбегале. Во тој момент некој од групата фрлил камен кон напаѓачите и го погодил Ј.В. во лицето. Тоа го изреволтирало и налутило, па испукал неколку патрони кон групата. При тоа убил еден мигрант од Бангладеш и ранил уште тројца.
Напаѓачите избегале во куќата на Ј.В., каде ја исчистиле пушката и се договориле на никого да не каживаат за нападот.
Полицијата извршила претрес во нивните домови, одзела две ловни пушки и ги привеле осомничените. Тие во полицијата го признале делото. Истражен судија им одредил притвор во траење од 30 дена, по што Д.П. и С.Л. се спроведени до затвор Скопје, а Ј.В. се наоѓа во бегство.
С.Л. е познат сторител на слични кривични дела, во 2011 година е пријавен за разбојништво над мигранти и други кривични дела со елементи на насилство за што е и осудуван. Останатите пријавени се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.