“Сами Фрашери“ го освои пехарот на градоначалникот
10.11.2014 15:39
| KumanovoNews
Гимназија “Сами Фрашери“ го освои пехарот на градоначалникот на турнирот во мал фудбал, кој го организираше Општинскиот сојуз на спортови за празникот 11 Ноември.

Во финалниот натпревар играа екипите на гимназиите “Гоце Делчев“ и “Сами Фрашери“, а резултатот беше 8:2. На третото место се пласираше екипата од “Перо Наков“ која ја победи екипата од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ со резулат 6:5. Натпреварите во петокот се играа во спортската сала на основното училиште “Христијан Карпош“, а наградите ги додели градоначалникот.