×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само здрави луѓе да се фрлаат по крстот

    16.01.2015 10:05 | KumanovoNews

    Момчињата, кои во понеделник ќе се фрлаат по светиот крст, треба да се во добра здравствена состојба, советуваат лекарите.

    Само здрави луѓе да се фрлаат по крстот

    Предходно да пијат топли напитоци, да не конзумираат алкохол и да не се прејадуваат.

    “Луѓето кои планираат да се фрлаат треба прво да се здрави, да немаат срцеви заболувања, епилепсија или нешто слично. Исклучиво треба да бидат здрави, млади луѓе. Пожелно е да се намократ со вода, за не дојде до температурна разлика и шок. Пак ќе кажам се зависи од човекот, од неговата здравствена состојба и кондиција и не реагира секој исто“ - изјави Марјан Спирковски, началник на Брза помош.

    Спирковски вели дека секоја година нивни екипи се присутни на местата каде се фрла крст, но досега немало потреба да интервенираат.

                                                                (Ohridnews)