×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самостојна изложба на Синиша Кашавелски вечерва во Уметничката галерија во Куманово

    16.12.2024 09:38 | Оливера Пешевска

    Самостојна изложба „Интригантни впечатоци - Колекцијата Енигма“ на Синиша Кашавелски ќе биде отворена вечерва со почеток во 19.30 часот во Уметничката галерија во Куманово. 

    Самостојна изложба на Синиша Кашавелски вечерва во Уметничката галерија во Куманово

    Кашавелски во Куманово изложува по 10- годишна пауза, последната самостојна изложба била во 2014 година.

    „Избираме ретроспективно дела кои го прикажуваат мојот творечки опус во последните 10 години. На овој начин сакам да ја израдувам и да се оддолжам на домашната публика, и на овој начин да одбележам 30 години од мојата активна работа“, истакна Кашавелски.

    Синиша Кашавелски е меѓу најдобрите 10-те реалисти во светот, до сега изложувал во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Њујорк, Сингапур, Пекинг- нема земја во светот во која немал своја изложба. Тој е добитник на награди и признанија на бројни интернационални конкурси како што се Зимскиот салон во Париз, „Салонот на убави уметности“ во истиот град,  „Marchionni Prize“ во Сардинија, Италија, Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција,  Jumbish World Art Competition во Индија, во Рим и Америка и многу други. Годинава повторно учествувал на бројни конкурс и салони, за кои се уште нема одлука за победникот.

    Добитник е на Ноемвриската награда на Куманово во 2022 година.

    Изложбата се организира под покровителство на Министерството за култура и туризам и НУ Музеј Куманово.