×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Санација на Занаетчискиот дом во Куманово

    11.12.2015 13:55 | KumanovoNews

    Општина Куманово и Центарот за развој на североисточниот плански регион ќе го  адаптираат и санираат Занаетчискиот дом.

    Санација на Занаетчискиот дом во Куманово

    Се работи за проект вреден 20 милиони денари, при што од Центарот за развој на североисточниот плански регион ќе аплицираат во Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, за 13 милиони денари, а општината ќе учествува со 7 милиони денари.

    Краен рок за аплицирање е 15 декември, тоа е редовна постапка, има соодветна комисија во рамките на Бирото каде што се разгледува дали се запазени сите критериуми за регионалното значење, за важноста на проектот. Меѓутоа очекуваме со оглед на тоа дека е и високо поставен овој проект на нашата приоритетна листа и досега сме се обидувале да му дадеме значење и во нашите пропагандни материјали и во сите контакти и со странски и со домашни донатори, со државни институции. Очекуваме дека ќе биде одобрена апликацијата и дека некаде во наредната година ќе се стартува со адаптација - рече Атина Муграшанска, помошник раководител во Центарот за развој на североисточниот плански регион.

    Се планира целосна реконструкција надворешна на објектот, замена на прозорци, адаптација во нова модерна сала која ќе може да се користи за седниците на Советот на општината, камерни концерти, драмски изведби и  други содржини , при што Занаетчискиот дом ќе го задржи автентичниот лик.