Санирана зградата на Музеј Куманово
Санирана е зградата на Музеј Куманово со средства на Министерството за култура.

Саниран е покривот кој протекуваше во зградата каде се наоѓа постојаната музејска поставка.
Деновиве заврши санација на кровната конструкција на старата музејска зграда, бидејќи имаше некое мало протекување, Тоа го саниравме успешно. Се надеваме дека сега ќе имаме подобри услови за работа, значи она што како тековно одржување на зградата се појави како мал проблем сега е отстрането и се надеваме дека ќе функционираме нормално - изјави директорката Анита Цветановска.
Таа додаде дека следната година ќе се реновира и осовремени Куќата на Христијан Карпош. Цветановска вели дека ученици често го посетуваат музејот, а до крајот на оваа 2015 година ќе има уште четири изложби во Уметничката галерија.