×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДПМ - Социјална правда нуди решенија за социјалните проблеми

    08.03.2013 11:18 | KumanovoNews

     СДПМ - Социјална правда на престојните локални избори ќе настапи само со советничка листа, чиј носител е м-р Бранко Арсовски.

    СДПМ - Социјална правда нуди решенија за социјалните проблеми

    Од партијата ветуваат економски развој на Општината, фокусирање на руралните средини, развој на спортот, културата, здравствената заштита,  како и помош за стечајните работници.

    - Приоритети во нашето дејствување ќе биде: обезбедување на континуитет на проектот “субвенционирање за ѓубрарина и вода“ и анализа за негово проширување на нови категории на лица. Обезбедување на континуитет на проектот “бесплатен превоз во јавниот сообраќај“, обезбедување на училишни пакети за членовите на потесното семејство. Обезбедување на стипендии за талентираните ученици, членови на потесно семејство. Предлог решение за вработување на член на потесното семејство на стечајните работници во рамките на локалните институции и јавни претпријатија. Обезбедување на мобилни социјално - медицински патроли за ранливите категории на граѓани со цел задоволување на нивните основни потреби. Намалување на локалните давачки и такси - вели Арсовски.

    Програмата ќе биде дополнета со нови решенија, а на гласачкото ливче тие се под број 25.

                                                                                       (фото архива)