Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на СДСМ Куманово ги повикуваат своите членови да се регистрираат за да учествуваат на внатрешнопартиските избори, кои се закажани на 16 март.
„СДСМ е единствената партија која во духот на социјалдемократските вредности својот лидер го бира на слободни, внатрепартиски избори со гласање на членството. Почитувани членови, ве повикувам активно да се вклучите во овој процес на подготовката и гласање, а истовремено повикувам силно,одлучно и недвосмислено да гласаме за нашиот сегашен и иден лидер Венко Филипче. Да гласаме за негов полноважен мандат во кој што сите ние заедно СДСМ ќе ја вратиме на победничките патеки“, кажа Соња Тодоровска, секретар на СДСМ Куманово.
Изборниот процес е организиран во две фази: првата е регистрација на члeнството кое ќе трае до 8 март. Тоа може да се стори електронски на линк споделен на СДСМ или во просториите на општинската организација со пополнување на формулар, секој работен ден од 17 до 20 часот, сабота и недела од 11 до 13 часот.
Втората фаза е на самиот чин на гласање, кој ќе се одвива во просториите на општинската организација.