×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ го одби предлогот на ВМРО - ДПМНЕ

    25.02.2013 15:28 | KumanovoNews

     Од СДСМ експресно го одбија предлогот на владејачката партија за пролонгирање на рокот за поднесување на кандидатури и советнички листи.

    СДСМ го одби предлогот на ВМРО - ДПМНЕ

    Тие велат дека премиерот Никола Груевски и ВМРО - ДПМНЕ уште еднаш покажале дека не им е грижа за интересите и иднината на државата.

    Сојузот за иднина, не одлучи да ги бојкотира престојните локални избори затоа што немаше време да состави кандидатски листи, туку оваа наша одлука е одговор на партиско-полицискиот пуч на власта, во кој и самиот Ставревски по налог на Груевски беше директно вклучен, заради што беше суспендирана парламентарната демократија и поништен легитимитетот на државните институции. Никој во Република Македонија нема дилема дека кредибилитетот на државните институции го даваат, и во конкретниот случај може да го вратат, единствено граѓаните преку своите гласови на слободни и фер предвремени парламентарни избори  Токму во тој контекст, претседателот Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција, на 15 февруари, предложи разумен, конструктивен и фер план за излез од кризата, според кој одлуката дали ќе има или не предвремени парламентарни избори да одлучат граѓаните на претстојните локални избори, а не ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Тој предлог гласи, ако на локалните избори, советничките листи на здружената опозиција  „Сојуз за иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори. Доколку во ВМРО ДПМНЕ навистина веруваат во подршката на граѓаните и во победата на претстојните локални избори нема никакво логично образложение зошто упорно го одбиваат овој предлог - велат од СДСМ.

    Предлог за решавање на кризата без предвремени парламентарни избори за опозицијата е неприфатлив.