Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска објавија дека се задоволни од вчерашниот митинг на опозицијата во Скопје, каде 70.000 луѓе покажале дека не го подржуваат овој режим.
Оваа прес конференција ја свикавме да се заблагодариме на членството, на коалиционите партнери, на симпатизерите на партиите и на сите граѓани кои беа дел од вчерашниот голем митинг “Ја сакам иднината сега“, што здружената опозиција го оддржа на плоштадот во Скопје. Со ваквата голема масовност, учесниците на овој митинг од нашиот град покажаа дека ја поддржуваат идејата за здружување на опозицијата која ќе каже стоп на политиката на владејачката партија и ќе бара промена. Бројноста на плоштадот јасно покажа дека на народот му е доста од владејачката политика - вели Мартин Костовски, заменик шеф на Изборен штаб.
Од СДСМ тврдат дека над 3.500 граѓани присуствуваа на синоќешниот митинг во главниот град.