×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја состави советничкaта листа

    07.03.2013 09:19 | KumanovoNews

    СДСМ синоќа на изборна конференција ја усвои листата кандидати на советници за престојните локални избори.

    СДСМ ја состави советничкaта листа

    Носител на листата е Максим Димитриевски, а на листата се наоѓаат и кандидати на коалиционите партии: НСДП, ЛДП, ВМРО-НП и Обединети за Македонија. Претседателката на СДСМ Снежана Захариева, вели дека е презадоволна како поминала изборната конференција и како била прифатена листата.

    Предложените кандидати беа со акламација изгласани од делегатите на конференцијата, што е гордост и задоволство за мене како претседател на најголемата општинска организација на СДСМ во Македонија. Во исклучително деликатна политичка состојба во државата, во која сите посакуваа неединство и распад на СДСМ, ние демонстриравме максимално единство и кооперативност, кога се во прашање интересите на партијата. Верувам дека тоа ќе го покажеме и на 24 март на денот на изборите, кога масовно ќе дадеме подршка на нашиот кандидат за градоначалник и советниците, со што ќе докажеме дека Куманово останува бастион на СДСМ и неостварена желба на ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички опоненти- изјави Захариева за Kumanovonews.

    Кандидати за советници на колацијата „Сојуз на иднината„ се:

    1.Максим Димитриевски, 2.Снежана Захариева, 3.Зоран Маневски НСДП, 4.Ивица Костовски ЛДП, 5.Александар Петров ВМРО-НП, 6.Валентина Мициќ, 7.Александар Арсиќ, 8.Младен Давидовиќ, 9.Драгана Велковска, 10.Бране Бојковски, 11.Оливер Стојмановски, 12. Сунчица Јосифовска НСДП, 13.Самет Салиевски, 14.Гоце Трајковски Обединети за Македонија, 15.Лидија Тасевска, 16.Весна Глигориевска ЛДП, 17.Дејан Божиновски ВМРО-НП, 18.Томица Илиќ, 19.Оливер Илиевски, 20.Зоран Каранфиловски, 21.Маја Стефановска, 22.Мирче Стојановски, 23.Иван Николовски, 24.Славица Коцевска, 25.Бојана Ивановска, 26.Томислав Мирчевски, 27.Владислав Трајковски, 28.Фипип Јаневиќ ЛДП, 29.Марјан Ангеловски ВМРО-НП, 30.Соња Тодоровска, 31.Зоран Ѓорѓевиќ, 32.Биљана Краљевска и 33.Доне Младеновски.

    Кандидатите јавно ќе бидат промовирани утре во 19 часот во Центарот за култура.