×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја започна постапката за избор на кандидат за градоначалник

    08.06.2012 12:17 | KumanovoNews

     Во општинската организација на СДСМ од вчера и официјално започнала постапката за утврдување на кандидати за градоначалник на Куманово.

     

    СДСМ ја започна постапката за избор на кандидат за градоначалник

    Во наредните 7-8 дена, комисија составена од неколку членови од највисокото партиско раководсто ќе ја спроведуваат постапката во сите месни организации.

    Првиот филтер од предложените кандидати ќе го направи Извршниот одбор на општинската организација, а другите кандидати ќе се достават на разгледување на централното раководство на партијата.

    Последниот збор ќе го имаат делегатите, кои на Конференцијата што ќе се одржи на 22 јуни со тајно гласање ќе го изберат кандидатот за градоначалник.

    Во досегашните предлози се нашле имињата на актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски, претседателот на Советот Виктор Цветковски, пратеникот Оливер Спасовски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило„ Сашо Петрушевски, претседателката Снежана Захариева и Максим Димитриевски.

    Засега најактивни на терен се структурите на партиски луѓе на Дамјановски и Цветковски.