Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На обвинувањата од ВМРО - ДПМНЕ дека СДСМ се финансира со кириите од Комитет и од гробарината од населба Карпош, од СДСМ одговорија дека парите одат на сметка на синдикатот.
Додаваат дека овие пари се користат за одржување на зградата, за сметки за струја, вода и чистење.
Господа од ВМРО - ДПМНЕ, дали во градовите каде сте на власт, парите од гробни места одат во партиска каса, па затоа не обвинувате дека злоупотребуваме туѓи пари? Каде ви одат парите од продадените билети за театарски претстави и други манифестации што се оддржуваат во Домот за култура “Трајко Прокопиев“? Среде зима салата ви е студена, да не потрошите за греење, а подот на бината е за срам - рече Дарко Станојковски, портпарол на општинска организација на СДСМ.
Станојковски кажа дека партијата нема жиро сметка, туку се финансира од членарина и донации.