Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ Куманово синоќа на Изборна конференција ги избра членовите на извршниот и надзорен одбор. Составот на новото локално раководство е на предлог на претседателот Дарко Ристовски.
„Дека ситуацијата не е наивна говори фактот што во последните две години во нашата општинска организација се сменија две раководства, но се надевам дека овој тренд ќе престане и ќе испратиме порака на единство, обединетост и сериозност, бидејќи само такви можеме да се вратиме на победничките патеки. Затоа велам, огромна е честа и одговорноста во овој момент да бидам претседател, и заедно да работиме за да ја оствариме нашата цел, СДСМ - повторно силен и победнички. Куманово секогаш било прво во промените, па така и сега нашиот императив мора да биде, што побргу да се кренеме на нозе после изборниот пораз и да оствариме успех на локалните избори“, истакна Ристовски.
На конференцијата кратко се обрати и претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој апелираше да се избере единство наместо поделби, активности наместо апатија, и членството да избере СДСМ да биде повторно силна, како што заслужува, затоа што тоа не им е потребно само на нив, туку тоа е потребно на државата.
За членови на Извршниот одбор се изберени: Сања Јовановска, Сашо Милковски, Владимир Арсовски, Ненад Цветковиќ, Иван Миладиновски, Јасмина Георгиевска, Биљана Ивановска, Оливер Илиевски, Адем Аљиљ, Соња Тодоровска, Немања Станојковиќ, Кристина Ангеловска, Теодора Јосевска, Ивица Цветковиќ, Љубиша Ничевски, Мериме Исмаилова, Емилио Божиновски и Оливер Каранфиловски.
Во новиот Надзорен одбор членуваат: Тамара Спасовска, Магдалена Тасковска, Јелена Здравковска, Тања Георгиевска и Ирена Кузмановска Јовановска.
Нов секретар и портпарол на општинската организација ќе се назначат на првиот состанокот на новоизбраниот Извршен одбор.
На конференцијата присуствуваше највиското централно партиско раководство: покрај Филипче, и заменик претседателката Фани Каранфиловска Пановска, организацискиот секретар Мартин Костовски, пратеникот Оливер Спасовски, советници и членови на Централниот одбор од Куманово.