×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Нашиот предлог-закон ќе ги обештетеше скоро сите стечајци

    29.01.2014 12:23 | KumanovoNews

    Од општинската СДСМ, денеска ја обвинија власта дека 5 пати го одбила предлог - законот за стечајци на СДСМ, со кој ќе биле обештетени над 90 отсто од стечајците во државата.

    СДСМ: Нашиот предлог-закон ќе ги обештетеше скоро сите стечајци

    Според нив со новиот закон што беше донесен неодамна од Куманово ќе бидат опфатени само 11 стечајци исто колку и во 2008 година. За да добиваат 7100 денари стечајците треба да имаат 25 години стаж, да работеле во фирма со доминантна државна сопственост кои во стечај отишле од 2004 до 2013 година.

    Значи преку овој закон власта праќа порака дека таа ќе си ги обештети само стечаите кои таа ги создала, што во превод би значело “Еве во наше време отидовте во стечај, ние ве обештетуваме, и сега ќе ни се одолжите на следниве избори“. Класичен поткуп. Законот кој го предлага СДСМ нема рамка со која се определува времето кога стечаецот останал без работа, и би ги опфатил сите стечајци кои имаат 15 години работен стаж и старосна граница од 50 години за жени и 53 години за мажи - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    Од партијата велат дека во март повторно ќе го поднесат предлог - законот за обештетување на стечајните работници до Собранието на Република Македонија.