СДСМ обвинува за партиски вработувања во полицијата
Од СДСМ Куманово денеска на прес - конференција обвинија дека ВМРО - ДПМНЕ освен во ЈП “Македонски шуми“ партиски вработува и во полиција.

Пред околу два месеци Мартин Петковски е примен во СВР Куманово како приправник во одделот на крими полиција, криминалистичка техника. Истиот е примен спротивно на член 50. став 1 од Законот за внатрешни работи . Лицето е вработено без јавен оглас кој би требало да биде распишан од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од СДСМ велат дека работник во МВР не смее да основа, раководи, застапува или да е член на органите на политичка партија, а Петковски е секретар на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.