СДСМ со крводарителска акција
14.03.2011 10:38
| KumanovoNews
Во просториите на општинската организација на СДСМ утре ќе се одржи крводарителска акција по повод Денот на крводарители. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот, а можат да се вклучат сите граѓани.

Ова е една од двете традиционални крводарителски акции што ги организираме во текот на годината.Ги повикувам нашите граѓани кои сакаат да ни се приклучат во крводарувањето, а потоа и дружењето-рече претседателката Снежана Захариева.
СДСМ Куманово секоја година организира крводарителски акции по повод 17 март, Денот на крводарителите и 2 август, Илинден.