Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од СДСМ бараат Владата да ја стопира продажбата на земјоделско земјиште бидејќи земјоделците се во лоша финансиска состојба и не се во можност истото да го откупат.
Од партијата велат дека јавниот повик за доставување иницијативи за продажба траел една седмица, а вистинските земјоделци се на нива и најверојатно не се информирале за постапката од интернет страната на ресорното министерство.
Владата потроши огромни пари за кампањи, за промовирање на субвенциите и програмите за рурален развој, се со цел да ги убеди граѓаните дека е земјоделска Влада. А токму сега кога треба и земјата да им ја продаде, нема ниту денар за кампања. Ова го може само Владата на ВМРО - ДПМНЕ. Го прашуваме Министерството за земјоделство зошто потрошија 200.000 евра за купување на наменски возила за промовирање, но и за информирање на земјоделците, а ги користевте единствено во кампањата за локални избори и прибирање на гласови со низа интриги и лажење - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од СДСМ велат дека вистинските земјоделци немаат пари да ја платат концесијата, а не да ја купуваат земјата и изразија сомнеж дека истата ќе ја купат луѓе блиски до власта.