Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на СДСМ го осудуваат чинот на Владата на затворање на народната кујна во Куманово.
Денеска, на денот на социјалната правда, од партијата потсетуваат, како што велат, за неспособноста, бесчуствителноста и негрижата за граѓаните, посебно за ранливите категории на граѓани, од страна на коалицијата на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Една од најважните улоги на државата е да обезбеди благосостојба на сите свои граѓани. Токму на овој ден зборуваме за проблем со кој се соочувааат најранливите граѓани на општина Куманово, кои 4 месеци останаа без правото на бесплатен оброк. Корисници на гарантираната минимална помош се самохрани родители, хронично болни лица, самци и многудетни семејства на кои топлиот оброк им е неопходен за секојдневна егзистенција. Затоа СДСМ бара итно решавање на овој проблем од страна на институциите и повторно враќање на народната кујна како егзистенцијална потреба на нашите сограѓани. Како социјалдемократи цврсто се бориме за социјална правда, искоренување на сиромаштијата и обезбедување на социјална сигурност на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ Куманово.