Мени

Се апсат бивши функционери во Агенцијата за стокови резерви и Министерството за земјоделство

25.11.2025 11:49 | KumanovoNews

Во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. 

Се апсат бивши функционери во Агенцијата за стокови резерви и Министерството за земјоделство

Станува збор за акција поради сомненија за злоупотреба на службената положба во текот на 2021 и 2022 година од страна на овластени службеници во Агенцијата за стокови резерви, Агро берзата, Министерството за земјоделство и едно вешто лице.

Приведените се сомничат дека со неизвршување на својата службена должност придонеле да се изврши отпис на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра. Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Повеќе информации и детали се очекуваат по завршувањето на акцијата, информира денеска Јавното обвинителство.