Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заменик министерот за транспорт и врски, Неметула Халими денеска ја посети општина Куманово и се сретна со градоначалникот, Зоран Дамјановски, со кој разговараа за последните поплави во населбата Бавчи.
Халими рече дека ќе и помогнат на општината за надминување на последиците од поплавите.
Тука сме да помогнеме на општината Куманово. Заедно да ги решиме сите проблеми, инфраструктурните проблеми и други проблеми што ја тангираат општината Куманово - изјави заменик министерот.
Дамјановски рече дека ДУИ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ покажале конструктивност. Разговарале за надминувањето на проблемите со поплавите во Бавчи, односно стадион Башкими и Стариот градски парк. Градоначалникот рече дека во овој дел на градот има дивоградби, што дополнително ја отежнуваат состојбата.
Правевме договор за понатамошни активности. Ќе бидат повикани од Дирекција за води, министерот за екологија, за транспорт и врски, службите од “Водовод“, Кумановско-липковско поле, се со цел да се даде конечно решение за овој хроничен проблем на граѓаните, на над 150 куќи во тој регион кои континуирано имаат проблеми. Се надевам на една добра соработка - вели Дамјановски.
Додаде дека ќе продолжи чистењето на речното корито и комисија за проценка на штети ќе ги сумира штетите од последните поплави кои се случија викендов.