Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Фото салон Куманово“ е насловот на меѓународната изложба на фотографии која наесен ќе се оддржи во Куманово. Во септември судии од Турција, БИХ и Србија ќе ги изберат најдобрите фотографии.
Ќе има над 600 автори кои се влезени во потесен круг од 59 земји. Обично се избира 25 до 35 отсто од пристигнатиот материјал. Категориите се слободна црно - бела фотографија, слободна колор фотографија, и фотографии на тема живот и природа. Темата живот му ја посветуваме на доајенот на македонската фотографија Живко Јаневски - вели Владимир Јовановски, претседател на ФКК“Козјак“.
На овој конкурс свои фотографии пратиле и 40 кумановски фотографи, членови на ФКК“Козјак“.