Се чистат јавните површини од снег
29.01.2014 12:06
| KumanovoNews
Вработените од ЈП “Чистота и зеленило“ го расчистуваат снегот на Градскиот плоштад и на други јавни површини во централното градско подрачје.

- Го расчистуваме снегот од пред институции, судот, болницата, пошта, банки, од тротоари и пешачки патеки. Наши екипи работат и на Градскиот плоштад. Вклучени се работниците од сите одели, се расчистува рачно снегот од центарот на градот - велат од “Чистота и зеленило“.
Од претпријатието објаснуваат дека паралелно се работи и на изнесување на сметот и останатите обврскаи навремено се извршуваат.