×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чистат речните корита на реките Којнарка и Кумановка

    29.06.2020 09:01 | KumanovoNews

    АД Водостопанство Куманово, подружница „Кумановско-липковско поле“, во соработка со Општината, минатата недела дена започна со чистење на речните корита на реките Којнарка и Кумановка.

    Се чистат речните корита на реките Којнарка и Кумановка

    За чистењето на реката Којнарка од мостот кај Средорек, па до Долно Којњаре, во должина од 3 км, АД Водостопанство оддели околу 600 илјади денари. Речните корита се чистат со механизацијата на претпријатието, а Општина Куманово треба да обезбеди средства за транспорт на ѓубрето. Во наредниот период ќе се чисти и во растојанието од Митев Мост до Проевце.

    „Кај градското подрачје од Средорек надолу најчесто се чисти шут, додека на другите места се врши регулација на речното корито, односно продлабочување и некаде каде што самото речно корито со текот на времето се изместува оди во приватни парцели, ја враќаме во старото речното корито во кое било претходно. Исто така заедно со Општина Куманово продолжуваме понатаму да ја чистиме реката од Средорек, па се` до Митев Мост, а потоа ќе продолжиме и надолу кон Проевце. Акцијата започна минатиот петок, а ќе трае во наредните десет дена“, вели Оливер Илиевски, директорот на подружницата.

    Како што додава тој, оваа година во планот на претпријатието, согласно нивните финансиски пресметки, е ставено и пренасочувањето на речното корито во село Клечовце, затоа што при секои поголеми надојдени води се поплавуваат нивите и викендиците на жителите.

    Претходно претпријатието, заедно со Општината ја чистеше и реката Пчиња во Шупли Камен, во пределот кај браната, која поради наносите се наоѓаше во лоша состојба. Исто така, во изминатиот период, беа поставени и цевки за привремен премин преку реката Пчиња, во село Зубовце, со цел населението кое има ниви во Шупли Камен и обратно да не мора да поминува пат од околу 6 км.

    (Ф.Марковска)