×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чистеше паркот помеѓу зградите зад „Мај маркет“

    16.09.2022 12:49 | Сузана Николиќ

    На иницијатива на станарите од булеварот „Октомвриска револуција“ денеска се чистеше паркот помеѓу неколкуте згради зад поранешен „Мај маркет“ во Куманово.

    Се чистеше паркот помеѓу зградите зад „Мај маркет“

     Во акцијата за косење и изнесување на сувата трева и собирање на сметот се вклучија вработени во ЈП „Чистота и зеленило“, осудени лица од затворот Куманово, членови на Здружението за ликовна уметност „Форма“ и граѓани.

    „Нема тука да застанеме, во наредниот период ќе продолжиме со вакви акции за чистење и на останатите зелени површини на булевар „Октомвриска револуција“ во м.з. „Панче Пешев“. Со нашата иницијатива и вклученост во акциите, сакаме да помогнеме се исчистат сите јавни површини помеѓу нашите згради, на кои секојдневно се играат нашите деца, а истовремено да создадеме подобри услови за одмор и рекреација на нашите семејства“, вели Бобан Кипријановски, од граѓанската иницијатива на „Октомвриска револуција“.

    Тој вели дека во наредниот период ќе поднесат барање до Општината Куманово да се уреди просторот, да се постави урбана опрема и реквизити за детски парк, а има најава и за поставување на справи за вежбање.

    „Апелираме до Општината да ни постават кантички за отпад и да се чистат, бидејќи нема каде да го фрламе ѓубрето кога сме надвор. Ова е урбана средина каде што живеат голем дел на млади семејства со мали дечиња и треба да се оплемени овој простор“, додава Кипријановски.  

    Јавните зелени површини на „Октомвриска револуција“ со години наназад се обраснати во трева и по нив шетаат змии, затоа што никој не ги одржува. Тие не се во програмата на ЈП „Чистота и зеленило“, со оправдување дека припаѓаат на зградите и треба да ги одржуваат фирмите кои се ангажирани од куќните совети. 

    Затоа, станарите на „Октомвриска“ ќе поднесат барање до надлежните, Општина Куманово и до Катастар да се утврди сопственоста на земјиштето, по што ќе бараат локалната власт или управителите да го преземат одржувањето на јавното зеленилото во овој дел на градот.

    Иницијаторите се заблагодарија на раководствота на „Чистота и зеленило“ и на Затворот "К`шње", коишто помогнаа да се реализира еколошката акција.