Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска кај населба Средорек информираше дека проектот за чистење на речното корито на Кумановка кој почна пред 10 дена е половина завршен.
Исчистени се околу 3500 метри кубни шут, смет и отпад, корења, остатоци од дрва. Средствата се од општинскиот буџет, а од Центарот за управување со кризи се добиени 10 тони нафта. Вкупната сума на тендерот е 3.400.000 денари.
Имаме неколку типа на машини, поголемите за поголеми протоци и помалите за суводолици. Планираме да прочистиме и некои канали во приградските населби. Мислам дека на овој начин ќе делуваме превентивно во пресрет на пролетните и есенските дождови. Да санираме и спречиме појава на поплави во овие трусни делови како што е Средорек, Бавчи, “Никола Тесла“ каде во изминатиот период имаше изливи и големи материјални штети. Обврска има не само општинската администрација туку и граѓаните бидејќи природата сурово враќа - изјави Дамјановски.
Тој апелираше граѓаните посовесно да се однесуваат и да ја чуваат природата, за да не дојде до природни катастрофи.