×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се гради училишна спортска сала во Липково

    07.11.2014 09:52 | KumanovoNews

    Во гимназијата “Исмет Јашари“ во селото Липково се гради спортска сала.

    Се гради училишна спортска сала во Липково

    Камен темелникот е поставен пред неколку месеци, а се очекува објектот да биде завршен до крајот на 2015 година.

    “Досега учениците немаа сала и фискултурните активности ги изведуваа на отворено, на игралиште, кое е во сопственост на основното училиште во селото. Салата има површина околу 800 квадрати и многу ќе им ја олесни наставата на гимназијалците“ - вели Дије Арифи, раководител на сектор за урбанизам во општина Липково.

    За изградба на салата ќе бидат потрошени 223.000 евра, пари обезбедени од блок дотации во образованието и од општинскиот буџет.