×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се изработи проект за санација на потпорниот ѕид пред Центарот за вработување во Куманово (видео)

    22.03.2023 20:29 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово започна постапка за санирање на потпорниот ѕид и свлечиштето пред Агенцијата за вработување во Куманово.

    Од  Одделението за комунални дејности велат дека веќе испратиле барање до ЈП „Куманово-план“ за изработка на проект, по што ќе следат останатите процедури кои може да трајат и неколку месеци додека се санира паднатиот потпорен ѕид.

    „По добиено известување до Општина Куманово за паднатиот ѕид на дворот на Центарот за вработување, испратено е барање до ЈП „Куманово-план“ за изработка на проект и техничка документација, која треба да содржи податоци за тоа колку е должината која треба да се санира, каков материјал и начинот на изработка на потпорниот ѕид. По изработка на планот ќе се знае проекцијата за чинење на изведбата и тој предлог треба да се изгласа на седница на Совет на Општина Куманово. Дури тогаш ќе се знае кога и како би се извела интервенцијата“, изјави Момчило Јовановски, раководител во одделението за комунални дејности во Општина Куманово. 

    Во ЈП „Куманово-план“ велат дека кај нив стигнало барањето за изготвување на проектна документација, но по завршување на техничката документација, Општина Куманово треба да издаде дозвола за градба, а Секторот за комунални работи да распише тендерска постапка за изведувач на работите.

    „На 22 февруари кај нас е доставено барањето од Секторот за комунални работи за изготвување на техничка документација. Ќе се потрудиме нашиот дел од работата што поскоро и поквалитетно да биде завршен, од таму не можам да претпоставам уште колку време би требало до конечно завршување на процедурите и санирање на оградата“, истакна Бобан Николовски, директор на „Куманово-план“.

    Причина за обрушувањето на ул.„Тодор Велков“ е притисок од бекатон плочките на тротоарот на потпорниот ѕид, кој немал зацврстување. Тука секојдневно се паркираат автомобили кои прават дополнителен притисок.

    „Забот на времето си го направи своето, но притисокот на кој непрекинато се изложени ѕидот и оградата го предизвика падот. Тука всушност имаше свлечиште кое ја повлече и ја кутна нашата ограда. Очекуваме службите од општината да реагираат, да се направи нов потпорен ѕид“, изјави Марија Димитриевска, раководителка на Центарот за вработување Куманово.

    Граѓаните и жителите од околните згради бараат побрзо да се санира ѕидот, за да не се прошири свлечиштето кон улицата.Покрај распаднатиот ѕид и превртената метална ограда, секојдневно поминуваат деца од  Основното училиште „11 Октомври“, и тоа е причина повеќе побрзо да се поправи или заштити местото за да не се повреди некој. 

    Ќе се изработи проект за санација на потпорниот ѕид пред Центарот за вработување во Куманово (видео)