Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На социјалните мрежи се договараат протести кои би се оддржале во петок по пладневната молитва во Куманово.
Протестите се против апсењата на осомничените за убиставата кај Смиљковското езето. Според пишувањата на социјалните мрежи од пред џамиите, оние што ќе простестираат ќе заминат пред државните институции и пред полициските станици.
Министерката Гордана Јанкуловска вели дека ја следат состојбата. Според неа премногу недоличен говор има во коментарите на ваквите мрежи. Најави дека секој кој ќе предизвика нереди ќе биде санкциониран.