Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Нова година па наваму цената на горивата се покачува четири пати, а двапати се намалени. Ваквата состојба ќе ги принуди граѓаните да се откажат од автомобилите и да го користат јавниот превоз.
Од приватните бензински пумпи објаснуваат дека во последниве месеци потрошувачката е намалена за дури 20 отсто, како резултат на високите цени на кои возачите не можат да одговорат.
Од Твинс Петрол велат дека најмногу им се троши плинот, а најмалку бензинот. Од месец на месец станува се полошо, додаваат тие.
И на поголемите бензински пумпи фреквенцијата на возила е намалена. Велат дека потрошувачката е падната за 0,5 отсто за последново тримесечје. Дизел џет и бензин 95 плус кај нив се трошат најмногу, а биодизелот е помалку баран.
Премногу трошам за домашни потреби. Вака ако оди, планирам да ја продадам колата, па кога ќе ја немам нема да трошам. А каде се може одам пешки или користам јавен превоз - вели Идриз Селмани, жител на село Ваксинце.
Кон крајот на април Регулаторната комисија за енергетика одлучи за 1,6 отсто да ги намали цените на горивата, односно да поефтинат за 2 денари. Од вчера цените на бензините се намалени за 3 денари, а дизелот останува со иста цена. Еуросупер 95 се продава за 83,50 денари за литар, Еуросупер 98 чини 85,50 денари, а за литар дизел како и досега ќе се плаќа 72,50 денари.