Се намалува водостојот на реките во кумановско
20.11.2014 09:04
| KumanovoNews
Водостојот на реките во кумановско е намален, и нема нови излевања во текот на ноќта, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
“Поплавeните подрачја од вчера се санираат, а немаме нови дојави или поплаки од граѓани на Куманово, Липково или Старо Нагоричане за нови излевања. Во текот на ноќта наврнаа нови 3,1 литри дожд на метар квадартен во кумановската околина“ - велат од РЦУК.
Денеска не очекува променливо облачно време со температури до 12 Целзиусови степени.