Се нормализира водостојот во Пчиња и Крива Река
26.01.2015 08:53
| KumanovoNews
Последниве два дена се намалува водостојот на реките Пчиња и Крива Река, кои предизвикаа поплави во кумановско.

“Нови излевања нема и откако престана да врне нивото на реките се намалува. Водата се повлекува од поплавените викендички и ниви и се враќа во коритата. Засега состојбата на терен е стабилна. Се надеваме дека нема да врне и дека времето ќе биде поволно“ - велат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во Куманово денеска не очекува умерено облачно време со температури околу 2 степени.