×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се обучуваат невработени од Куманово и Благоевград

    03.04.2013 13:30 | KumanovoNews

     Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово и Алијансата за регионални граѓански иницијативи од Благоевград, денеска го презентираа проектот „Социјална кохезија преку инвестиција на човечки ресурси„, кој овозможува едукација на невработени лица од двата града.

    Се обучуваат невработени од Куманово и Благоевград

    Партнерските организации во изминатите 8 месеци едуцирале 20 невработени лица,  а уште 32 од Куманово и Благоевград ќе се поминат обуки и ќе добијат сертификати за помината обука.

    Ова е овозможено со прекуграничен ИПА проект кој има за цел невработените и лицата со посебни потреби да ги мотивира активно да бараат работа. Направени се истражувања според кои на Куманово му фалат кадри за производство на чевли, а во Благоевград недостигаат работници за прехранбена и текстилна индустрија.

    Општа цел е промоција на економски потенцијал и социјално зближување. Подобрување на мобилност и способност на работна сила. Куманово е чевларски град, има 70 до 80 компании, јас бев советник во една од нив, им ги знам потребите. Оние кои се откажале од барање работа, кои не се активни, обесхрабени, да ги извадиме од дома, да ги обучиме и анимираме - вели Димитар Ташевски, координатор на проектот и директор на Фондација за развој на мали и средни претпријатија.

    Партнерите од Бугарија, Цветелина Нешкова од Алијанса за регионални и граѓански иницијативи кажа дека невработените се со ниско ниво на самодоверба и затоа треба да им се помогне.

    Проектот е насочен кон невработените кои се разочарани. Наша цел е да ги поткрепиме, да ги обучиме. Знаете дека ситуацијата и во регионот, во Бугарија и во Куманово е тешка. Проектот е со две компоненти, првото е мотивационо обучување, да се претстават пред работодавецот. Направивме анализа кои кадри се потребни во овие два града - изјави Нешкова.

    Благе Јакимовски од Агенцијата за вработување на денешниот семинар ги презентираше активните мерки за вработување кои ги нуди државата. Тој рече дека најголем интерес има за помошта која се нуди како неповратна. Други мерки за кои се говореше се субвенционирање при вработување, кредитирање, самовработување, практиканство и друго.